Оддел за метаболни болести на коска

Медицинска дејност
Оддел за метаболни болести на коска
ukendokrinologija@zdravstvo.gov.mk
eklinika@yahoo.com
Понеделник 00-24
Вторник 00-24
Среда 00-24
Четврток 00-24
Петок 00-24
Сабота 00-24
Недела 00-24
Државни празници 00-24
Национален лидер во превенција, рана дијагностика и третман на остеопороза и други метаболни нарушувања на коскеното ткиво. Со примена на најсовремена DXA дензитометрија и специфични лабораториски анализи, нашиот тим е посветен на спречување на фрактури и

Одделот за метаболни болести на коска е специјализиран за испитување и лекување на пациенти над 14-годишна возраст кај кои постои сомнение за нарушен метаболизам на коските. Нашата работа опфаќа широка популација, вклучувајќи:

  • Пери и постменопаузални жени и жени со прерана менопауза.
  • Мажи во андропауза.
  • Пациенти со јатрогено предизвикана остеопороза (предизвикана од зрачење, употреба на цитостатици, кортикотерапија или други медикаменти).
  • Пациенти со хипер и хипопаратироидизам.

 

Организација

Раководител: Науч. сор. д-р Арѓент Муча 

Работни задачи:

  • раководи со работењето и одговара за стручната работа на одделот,
  • изготвува програми за стручната работа на одделот и се грижи за нивното реализирање,
  • врши секојдневна визита на одделот и  одговора за редовното водење на стручната (медицинска) документација
  • врши специјалистички прегледи во специјалистичко-консултативна дејност на клиниката (амбулантски прегледи)
  • предлага мерки  за унапредување на стручната работа на одделот, 
  • предлага покренување на дисциплинска постапка, во случај на повреда на  работниот ред и дисциплина на вработените на одделот, до директорот на клиниката;
  • се грижи за унапредување и усовршување на здравствените, едукативните и научно-истражувачките активности на одделот;
  • води грижа за зачувување на куќниот ред на одделот


Одговорна медицинска сестра: Валентина Велковска

Работни задачи:

  • ја организира и спроведува работата и работните задачи на одделот од делокруг на нејзината одговорност, 
  • обезбедува медицински прибор, опрема и материјал преку главната сестра,
  • ја организира исхраната на болните на одделот со консултација на лекарот, диететичарот и главната сестра,
  • се грижи и ја контролира хигиената на одделот и спречување на интра хоспиталните инфекции и правилно класифицирање на медицинскиот отпад и за истото одговара пред главната медицинска сестра,
  • врши контрола на состојбата на пациентот, исправноста на апарот, и комплетност на материјалот и опремата за рабата,
  • врши едукација на медицинските сестри на својот оддел и на помошниот персонал болничари и хигиеничари,
  • асистира при работата со медицинската апаратура на одделот
     

Дијагностика и Технологија

Одделот располага со софистицирана опрема за прецизна проценка на коскената густина и метаболизам.

  • Дензитометрија (DXA): Вршиме дијагностика со најсовремена метода на абсорпциометрија со двојни Х-зраци (DXA - dual energy x-ray absorptiometry), која е „златен стандард“ за утврдување на остеопенија и остеопороза.
  • Лабораториски анализи: Во дијагностички цели обезбедуваме биохемиска и хормонска дијагноза, вклучувајќи проценка на коскени маркери, ниво на Витамин Д и електролити.
  • Следење на терапија: Редовно ги следиме ефектите од ординираната терапија преку контролни мерења.

 

Превенција и Едукација 

Примарна цел на одделот е превенција на најсериозната компликација на остеопорозата – скршениците (фрактурите) на коските. За таа цел, спроведуваме едукација на пациентите за промена на начинот на живот, правилна исхрана и соодветна физичка активност неопходна за зајакнување на коскениот систем.

 

Безбедност и Тим 

Посветуваме големо внимание на безбедноста на пациентите при работата со DXA апаратот, со редовно сервисирање и калибрирање на опремата. Со одделот раководи Науч. сор. д-р Арѓент Муча, поддржан од тим на субспецијалисти и медицински сестри обучени за работа со специфичната апаратура.