Оддел за акутни, ургентни состојби од областа на ендокринологијата и дијабетот

Медицинска дејност
Оддел за акутни, ургентни состојби од областа на ендокринологијата и дијабетот
ukendokrinologija@zdravstvo.gov.mk
eklinika@yahoo.com
Понеделник 00-24
Вторник 00-24
Среда 00-24
Четврток 00-24
Петок 00-24
Сабота 00-24
Недела 00-24
Државни празници 00-24
Тимот на овој оддел е обучен за справување со најтешките компликации на дијабетесот и ендокрините жлезди. Овде се згрижуваат пациенти со акутни метаболни нарушувања кои бараат интензивен надзор.

Специјализиран оддел за итен прием и третман на пациенти со акутни компликации. Стручниот медицински тим презема брзи дијагностички и терапевтски мерки, обезбедувајќи континуиран надзор и специјалистичка грижа за стабилизирање на состојбата на болните

 

Организација

Организиран за итен прием и третман на пациенти со акутни компликации

Раководител: Проф. д-р Ивица Смоковски. 

  • раководи со работењето и одговара за стручната работа на одделот,
  • изготвува програми за стручната работа на одделот и се грижи за нивното реализирање,
  • врши секојдневна визита на одделот и  одговора за редовното водење на стручната (медицинска) документација
  • врши специјалистички прегледи во специјалистичко-консултативна дејност на клиниката (амбулантски прегледи)
  • предлага мерки  за унапредување на стручната работа на одделот, 
  • предлага покренување на дисциплинска постапка, во случај на повреда на  работниот ред и дисциплина на вработените на одделот, до директорот на клиниката;
  • се грижи за унапредување и усовршување на здравствените, едукативните и научно-истражувачките активности на одделот;
  • води грижа за зачувување на куќниот ред на одделот

 

Одговорна сестра: Валбона Османи. 

  • ја организира и спроведува работата и работните задачи на одделот од делокруг на нејзината одговорност, 
  • обезбедува медицински прибор, опрема и материјал преку главната сестра,
  • ја организира исхраната на болните на одделот со консултација на лекарот, диететичарот и главната сестра,
  • се грижи и ја контролира хигиената на одделот и спречување на интра хоспиталните инфекции и правилно класифицирање на медицинскиот отпад и за истото одговара пред главната медицинска сестра,
  • врши контрола на состојбата на пациентот, исправноста на апарот, и комплетност на материјалот и опремата за рабата,
  • врши едукација на медицинските сестри на својот оддел и на помошниот персонал болничари и хигиеничари,
  • асистира при работата со медицинската апаратура на одделот
     

 

Услуги и Активности

  • Згрижување на итни медицински случаи и интензивен третман.
  • Дијагностика и терапија на акутни компликации.
  • Транспорт и санитарна обработка на тешко болни пациенти.

 

Едукација

Едукација на специјализанти за справување со ургентни состојби.

 

Опременост и простории

Единица за интензивен третман/ургентен прием, лабораторија за итни анализи (со микроскопска дијагностика).