Одделот за третман со инсулински пумпи и сензори е формиран со цел да пружи врвна здравствена грижа на пациенти со дијабетес тип 1, особено онаму каде што стандардните терапии не можат да постигнат задоволителна контрола. Нашата работа се фокусира на селекција на пациенти врз основа на строги медицински индикации, како што се неадекватна гликемиска контрола, појава на „Dawn“ феномен (високи утрински шеќери), нагласени варијации на гликемијата, како и при бременост или планирање на бременост.
Организација
Раководител: Проф. д-р Снежана Марковиќ
Работни задачи:
- раководи со работењето и одговара за стручната работа на одделот,
- изготвува програми за стручната работа на одделот и се грижи за нивното реализирање,
- врши секојдневна визита на одделот и одговора за редовното водење на стручната (медицинска) документација
- врши специјалистички прегледи во специјалистичко-консултативна дејност на клиниката (амбулантски прегледи)
- предлага мерки за унапредување на стручната работа на одделот,
- предлага покренување на дисциплинска постапка, во случај на повреда на работниот ред и дисциплина на вработените на одделот, до директорот на клиниката;
- се грижи за унапредување и усовршување на здравствените, едукативните и научно-истражувачките активности на одделот;
- води грижа за зачувување на куќниот ред на одделот
Услуги и Технологија
Одделот применува најсовремени технолошки решенија за менаџирање на дијабетесот:
- Инсулински пумпи и сензори: Вршиме поставување, контрола и евалуација на системи за континуирано мерење на гликемијата (CGM) и комбинирана терапија (пумпа со сензор).
- Дигитален мониторинг: Користиме специјализиран софтвер кој им овозможува на пациентите да ги прикачат податоците од своите уреди онлајн, овозможувајќи му на докторот да врши анализа и следење без потреба од физичко присуство на пациентот.
- 24-часовна поддршка: Нашиот тим нуди континуирана поддршка (најчесто телефонска) за навремено дејствување при технички проблеми со уредите или при акутни состојби на болест.
Едукација и Поддршка
Сметаме дека технологијата е најефикасна кога е придружена со знаење. Затоа, во рамки на одделот се спроведува:
- Стручна едукација: Обука за исхрана, прилагодување на инсулинската терапија и менаџирање на дијабетесот при физичка активност.
- Реедукација: Редовни контроли на секои 3 месеци и вонредни прегледи за адолесценти и специфични групи, во посебни простории за едукација.
- Семејна поддршка: Советување и поддршка на членовите на семејствата на пациентите.
Тим Со одделот раководи Проф. д-р Снежана Марковиќ. Тимот се состои од обучен и сертифициран кадар за водење пациенти со инсулинска пумпа, вклучувајќи доктори специјалисти, медицински сестри и физиотерапевт.