Организација

Организација
Внатрешната организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија е поставена согласно највисоките професионални стандарди и законски регулативи за здравствена заштита.

Раководен кадар

Организацијата се темели на хиерархиска поставеност каде работата е координирана од страна на Директорот, управниот одбор, раководителите на сектори и оддели, како и главната медицинска сестра на ниво на целата установа.

 

 

Организициски план

 

 

Административни сектори 

Овој сегмент од Клиниката ги обединува стручните служби кои се грижат за законитоста во работењето, управувањето со човечките ресурси и финансиската стабилност на институцијата.

Задолжени за правни работи, управување со човечки ресурси, финансиско сметководство и јавни набавки, во Универзитетската клиника се организираат два администаративни сектори:

  1. Сектор за материјално-финансиски работи и сметководство
    • Одделение за материјално-финансиско работење
  2. Сектор за административно-правни работи и човечки ресурси
    • Одделение за човечки ресурси

 

 

Медицински оддели

Универзитетската клиника е организирана во високоспецијализирани медицински оддели кои обезбедуваат сеопфатна дијагностика, современ третман и континуирана едукација за пациенти со ендокринолошки и метаболни нарушувања.

Специјализирани за болничко лекување, акутни и ургентни состојби, дијабетес, третман со инсулински пумпи, како и лабораториски истражувања за метаболни нарушувања.