Оддел за болничко лекување со дневна болница и здравствено воспитување на пациентите

Медицинска дејност
Оддел за болничко лекување со дневна болница и здравствено воспитување на пациентите
ukendokrinologija@zdravstvo.gov.mk
eklinika@yahoo.com
Понеделник 00-24
Вторник 00-24
Среда 00-24
Четврток 00-24
Петок 00-24
Сабота 00-24
Недела 00-24
Државни празници 00-24
Овој оддел овозможува комплексна дијагностика и прилагодување на терапијата во болнички услови. Посебен акцент е ставен на здравственото воспитување, каде пациентите се едуцираат за самостојно управување со својата состојба

Одделот за болничко лекување со дневна болница и здравствено воспитување на пациентите обезбедува сеопфатна медицинска грижа преку спроведување на дијагностички и терапевтски мерки за хоспитализираните пациенти. 

 

Организација

Стручниот тим, предводен од Раководител, врши секојдневни визити, приеми на болни и специјалистички прегледи, гарантирајќи навремено и квалитетно лекување. 

Раководител: Проф. д-р Татјана Миленковиќ 

Работни задачи: 

  • раководи со работењето и одговара за стручната работа на одделот,
  • изготвува програми за стручната работа на одделот и се грижи за нивното реализирање,
  • врши секојдневна визита на одделот и  одговора за редовното водење на стручната (медицинска) документација
  • врши специјалистички прегледи во специјалистичко-консултативна дејност на клиниката (амбулантски прегледи)
  • предлага мерки  за унапредување на стручната работа на одделот,
  • предлага покренување на дисциплинска постапка, во случај на повреда на  работниот ред и дисциплина на вработените на одделот, до директорот на клиниката;
  • се грижи за унапредување и усовршување на здравствените, едукативните и научно-истражувачките активности на одделот;
  • води грижа за зачувување на куќниот ред на одделот;

 

Одговорна медицинска сестра: Тања Арсовска

Работни задачи:

  • ја организира и спроведува работата и работните задачи на одделот од делокруг на нејзината одговорност, 
  • обезбедува медицински прибор, опрема и материјал преку главната сестра,
  • ја организира исхраната на болните на одделот со консултација на лекарот, диететичарот и главната сестра,
  • се грижи и ја контролира хигиената на одделот и спречување на интра хоспиталните инфекции и правилно класифицирање на медицинскиот отпад и за истото одговара пред главната медицинска сестра,
  • врши контрола на состојбата на пациентот, исправноста на апарот, и комплетност на материјалот и опремата за рабата,
  • врши едукација на медицинските сестри на својот оддел и на помошниот персонал болничари и хигиеничари,
  • асистира при работата со медицинската апаратура на одделот

 

Услуги

  • Болничко лекување и секојдневна визита.
  • Специјалистичко-консултативни амбулантски прегледи.
  • Здравствено воспитување и едукација на пациенти (индивидуална и групна).
  • Дијагностички и терапевтски процедури (земање биолошки материјал, апликација на терапија).

 

Едукација

Спроведување на наставна дејност и надзор над лекари на специјализација.

 

Опременост и простории

Болнички соби за лежечки пациенти, простории за дневна болница, простории за едукација.