Одделот за болничко лекување со дневна болница и здравствено воспитување на пациентите обезбедува сеопфатна медицинска грижа преку спроведување на дијагностички и терапевтски мерки за хоспитализираните пациенти.
Организација
Стручниот тим, предводен од Раководител, врши секојдневни визити, приеми на болни и специјалистички прегледи, гарантирајќи навремено и квалитетно лекување.
Раководител: Проф. д-р Татјана Миленковиќ
Работни задачи:
- раководи со работењето и одговара за стручната работа на одделот,
- изготвува програми за стручната работа на одделот и се грижи за нивното реализирање,
- врши секојдневна визита на одделот и одговора за редовното водење на стручната (медицинска) документација
- врши специјалистички прегледи во специјалистичко-консултативна дејност на клиниката (амбулантски прегледи)
- предлага мерки за унапредување на стручната работа на одделот,
- предлага покренување на дисциплинска постапка, во случај на повреда на работниот ред и дисциплина на вработените на одделот, до директорот на клиниката;
- се грижи за унапредување и усовршување на здравствените, едукативните и научно-истражувачките активности на одделот;
- води грижа за зачувување на куќниот ред на одделот;
Одговорна медицинска сестра: Тања Арсовска
Работни задачи:
- ја организира и спроведува работата и работните задачи на одделот од делокруг на нејзината одговорност,
- обезбедува медицински прибор, опрема и материјал преку главната сестра,
- ја организира исхраната на болните на одделот со консултација на лекарот, диететичарот и главната сестра,
- се грижи и ја контролира хигиената на одделот и спречување на интра хоспиталните инфекции и правилно класифицирање на медицинскиот отпад и за истото одговара пред главната медицинска сестра,
- врши контрола на состојбата на пациентот, исправноста на апарот, и комплетност на материјалот и опремата за рабата,
- врши едукација на медицинските сестри на својот оддел и на помошниот персонал болничари и хигиеничари,
- асистира при работата со медицинската апаратура на одделот
Услуги
- Болничко лекување и секојдневна визита.
- Специјалистичко-консултативни амбулантски прегледи.
- Здравствено воспитување и едукација на пациенти (индивидуална и групна).
- Дијагностички и терапевтски процедури (земање биолошки материјал, апликација на терапија).
Едукација
Спроведување на наставна дејност и надзор над лекари на специјализација.
Опременост и простории
Болнички соби за лежечки пациенти, простории за дневна болница, простории за едукација.