Кодекс на однесување

Организација
Кодекс на однесување
Кодексот на однесување на клиниката ги дефинира највисоките етички и професионални стандарди за сите вработени.

Правата, обврските и одговорностите на вработените во Клиниката се уредени согласно Законот за здравствена заштита, Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Законот за работни односи, како и Колективниот договор.

Основни правила на однесување

Секој вработен во Клиниката има обврска да ги почитува следните етички норми:

  • Професионална љубезност: Коректен однос кон колегите, а особено кон пациентите и нивните семејства.
  • Почитување на хиерархија: Почитување на авторитетот, титулата и функцијата на вработените.
  • Комуникациска култура: Забрана за повишување на тонот и упатување навреди.
  • Доверливост: Чување на професионална и деловна тајна.

Стандарди за комуникација

Интерни комуникации

Во службените простории, меѓусебното ословување е формално: на докторите се обраќа со „Доктор“ и презиме, а на сестрите со „Сестра“ и име.

Комуникација со пациенти

  • Задолжително обраќање во второ лице множина (персирање).
  • На шалтер/пулт вработените се обраќаат со: „Повелете господине/госпоѓо“, со смирен тон.

Телефонска комуникација

  • Службените разговори треба да бидат кратки и ефективни.
  • Приватни разговори не смеат да се водат во присуство на пациент.

Професионален изглед и униформа

Во текот на работното време задолжително е носење на пропишана дводелна униформа:

Категорија на вработениБоја/Тип на униформа
ДокториБела униформа и/или бел мантил
Медицински сестриСветло сина униформа
БолничариСветло сива униформа
Оперативен одделСина или зелена униформа
Техничка службаТемно црвена униформа
АдминистрацијаДеловен кодекс на облекување

* Задолжително е носење на идентификациона ознака со име, презиме и титула.

Права и решавање на конфликти

  • Права: Вработените имаат право на почит од страна на пациентите и точни информации за здравствената состојба.
  • Конфликти: Работникот може да одбие услуга ако има етички конфликт (освен при итни случаи).
  • Безбедност: При агресивно однесување од пациент, веднаш се повикува обезбедување.