Правата, обврските и одговорностите на вработените во Клиниката се уредени согласно Законот за здравствена заштита, Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Законот за работни односи, како и Колективниот договор.
Основни правила на однесување
Секој вработен во Клиниката има обврска да ги почитува следните етички норми:
- Професионална љубезност: Коректен однос кон колегите, а особено кон пациентите и нивните семејства.
- Почитување на хиерархија: Почитување на авторитетот, титулата и функцијата на вработените.
- Комуникациска култура: Забрана за повишување на тонот и упатување навреди.
- Доверливост: Чување на професионална и деловна тајна.
Стандарди за комуникација
Интерни комуникации
Во службените простории, меѓусебното ословување е формално: на докторите се обраќа со „Доктор“ и презиме, а на сестрите со „Сестра“ и име.
Комуникација со пациенти
- Задолжително обраќање во второ лице множина (персирање).
- На шалтер/пулт вработените се обраќаат со: „Повелете господине/госпоѓо“, со смирен тон.
Телефонска комуникација
- Службените разговори треба да бидат кратки и ефективни.
- Приватни разговори не смеат да се водат во присуство на пациент.