ЈЗУ Универзитетска клиника за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања - Скопје е јавна здравствена установа која се наоѓа на ул. Мајка Тереза бр. 17 - Комплекс Мајка Тереза - Скопје. Се наоѓа во јужниот дел од градот и непосредно граничи со централото градско подрачје се наоѓа на благо-брдовит терен и сместена во зградата на Интерни клиники.
Историја
ЈЗУ Универзитетска Клиника за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања – Скопје, како самостојна ЈЗУ e формирана на 04.09.2007 год. како посебно правно лице со Одлука на Влада на Република Македонија за поделба на Јавната установа Универзитетски клинички центар - Скопје бр. 19-3888/1 од 26.06.2007од. (“Сл. весник на РМ” бр.102/07), a претходно својата дејност ја вршеше во склоп на катедрата по интерна медицина при ЈЗУ Клинчки центар Скопје.
Денес брои вкупно 56 вработени, доктори ендокринолози, интернисти, специјализанти по интерна медицина,сестри со висока школа и со средно медицинско образование, биолог, лаборанти, болничари, хигиеничари, администратори.
Освен стручните активности, Клинката е образовна институција со професори, доценти, асистенти како и научна дејност која е носител на многу клинички и меѓународни студии.
Приоритетна дејност на клиниката
- Стационарна здравствена заштита (без рехабилитација)
Други дејности
- Вршење на специјалистичко-консултативна и болничка дејност од областа на ендокринологијата и дијабетологијата, во која се изведува образовна дејност,
- Врши усовршување на здравствените работници и научно истражувачката дејност.
Капацитети
ЈЗУ Универзитетска Клиника за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања располага со деловен и административен простор од околу 1800м2, кој се состои од:
- Стационар
- Амбуланта-дијабетолошка – Центар за Дијабет и Центар за Дебелина,
- Амбуланта-ендокринолошка и
- Административен дел (АД).