Специјализиран оддел за итен прием и третман на пациенти со акутни компликации. Стручниот медицински тим презема брзи дијагностички и терапевтски мерки, обезбедувајќи континуиран надзор и специјалистичка грижа за стабилизирање на состојбата на болните
Организација
Организиран за итен прием и третман на пациенти со акутни компликации
Раководител: Проф. д-р Ивица Смоковски.
- раководи со работењето и одговара за стручната работа на одделот,
- изготвува програми за стручната работа на одделот и се грижи за нивното реализирање,
- врши секојдневна визита на одделот и одговора за редовното водење на стручната (медицинска) документација
- врши специјалистички прегледи во специјалистичко-консултативна дејност на клиниката (амбулантски прегледи)
- предлага мерки за унапредување на стручната работа на одделот,
- предлага покренување на дисциплинска постапка, во случај на повреда на работниот ред и дисциплина на вработените на одделот, до директорот на клиниката;
- се грижи за унапредување и усовршување на здравствените, едукативните и научно-истражувачките активности на одделот;
- води грижа за зачувување на куќниот ред на одделот
Одговорна сестра: Валбона Османи.
- ја организира и спроведува работата и работните задачи на одделот од делокруг на нејзината одговорност,
- обезбедува медицински прибор, опрема и материјал преку главната сестра,
- ја организира исхраната на болните на одделот со консултација на лекарот, диететичарот и главната сестра,
- се грижи и ја контролира хигиената на одделот и спречување на интра хоспиталните инфекции и правилно класифицирање на медицинскиот отпад и за истото одговара пред главната медицинска сестра,
- врши контрола на состојбата на пациентот, исправноста на апарот, и комплетност на материјалот и опремата за рабата,
- врши едукација на медицинските сестри на својот оддел и на помошниот персонал болничари и хигиеничари,
- асистира при работата со медицинската апаратура на одделот
Услуги и Активности
- Згрижување на итни медицински случаи и интензивен третман.
- Дијагностика и терапија на акутни компликации.
- Транспорт и санитарна обработка на тешко болни пациенти.
Едукација
Едукација на специјализанти за справување со ургентни состојби.
Опременост и простории
Единица за интензивен третман/ургентен прием, лабораторија за итни анализи (со микроскопска дијагностика).