Одделот за метаболни болести на коска е специјализиран за испитување и лекување на пациенти над 14-годишна возраст кај кои постои сомнение за нарушен метаболизам на коските. Нашата работа опфаќа широка популација, вклучувајќи:
- Пери и постменопаузални жени и жени со прерана менопауза.
- Мажи во андропауза.
- Пациенти со јатрогено предизвикана остеопороза (предизвикана од зрачење, употреба на цитостатици, кортикотерапија или други медикаменти).
- Пациенти со хипер и хипопаратироидизам.
Организација
Раководител: Науч. сор. д-р Арѓент Муча
Работни задачи:
- раководи со работењето и одговара за стручната работа на одделот,
- изготвува програми за стручната работа на одделот и се грижи за нивното реализирање,
- врши секојдневна визита на одделот и одговора за редовното водење на стручната (медицинска) документација
- врши специјалистички прегледи во специјалистичко-консултативна дејност на клиниката (амбулантски прегледи)
- предлага мерки за унапредување на стручната работа на одделот,
- предлага покренување на дисциплинска постапка, во случај на повреда на работниот ред и дисциплина на вработените на одделот, до директорот на клиниката;
- се грижи за унапредување и усовршување на здравствените, едукативните и научно-истражувачките активности на одделот;
- води грижа за зачувување на куќниот ред на одделот
Одговорна медицинска сестра: Валентина Велковска
Работни задачи:
- ја организира и спроведува работата и работните задачи на одделот од делокруг на нејзината одговорност,
- обезбедува медицински прибор, опрема и материјал преку главната сестра,
- ја организира исхраната на болните на одделот со консултација на лекарот, диететичарот и главната сестра,
- се грижи и ја контролира хигиената на одделот и спречување на интра хоспиталните инфекции и правилно класифицирање на медицинскиот отпад и за истото одговара пред главната медицинска сестра,
- врши контрола на состојбата на пациентот, исправноста на апарот, и комплетност на материјалот и опремата за рабата,
- врши едукација на медицинските сестри на својот оддел и на помошниот персонал болничари и хигиеничари,
- асистира при работата со медицинската апаратура на одделот
Дијагностика и Технологија
Одделот располага со софистицирана опрема за прецизна проценка на коскената густина и метаболизам.
- Дензитометрија (DXA): Вршиме дијагностика со најсовремена метода на абсорпциометрија со двојни Х-зраци (DXA - dual energy x-ray absorptiometry), која е „златен стандард“ за утврдување на остеопенија и остеопороза.
- Лабораториски анализи: Во дијагностички цели обезбедуваме биохемиска и хормонска дијагноза, вклучувајќи проценка на коскени маркери, ниво на Витамин Д и електролити.
- Следење на терапија: Редовно ги следиме ефектите од ординираната терапија преку контролни мерења.
Превенција и Едукација
Примарна цел на одделот е превенција на најсериозната компликација на остеопорозата – скршениците (фрактурите) на коските. За таа цел, спроведуваме едукација на пациентите за промена на начинот на живот, правилна исхрана и соодветна физичка активност неопходна за зајакнување на коскениот систем.
Безбедност и Тим
Посветуваме големо внимание на безбедноста на пациентите при работата со DXA апаратот, со редовно сервисирање и калибрирање на опремата. Со одделот раководи Науч. сор. д-р Арѓент Муча, поддржан од тим на субспецијалисти и медицински сестри обучени за работа со специфичната апаратура.