Одделот за специјалистичко-консултативна дејност за дијабетес обезбедува високостручна амбулантска грижа преку вршење на специјалистички и конзилијарни прегледи.
Организација
Стручниот лекарски тим е предводен од раководител и одговорна медицинска сестра. Покрај интернисти е вклучен и офталмолог, спроведува дијагностички и терапевтски мерки, како и едукација на специјализанти, со цел навремен и квалитетен третман на пациентите.
Раководител: Науч. сор. д-р Искра Битовска
- раководи со работењето и одговара за стручната работа на одделот,
- изготвува програми за стручната работа на одделот и се грижи за нивното реализирање,
- врши секојдневна визита на одделот и одговора за редовното водење на стручната (медицинска) документација
- врши специјалистички прегледи во специјалистичко-консултативна дејност на клиниката (амбулантски прегледи)
- предлага мерки за унапредување на стручната работа на одделот,
- предлага покренување на дисциплинска постапка, во случај на повреда на работниот ред и дисциплина на вработените на одделот, до директорот на клиниката;
- се грижи за унапредување и усовршување на здравствените, едукативните и научно-истражувачките активности на одделот;
- води грижа за зачувување на куќниот ред на одделот
Одговорна медицинска сестра: Татјана Ѓорговски
- ја организира и спроведува работата и работните задачи на одделот од делокруг на нејзината одговорност,
- обезбедува медицински прибор, опрема и материјал преку главната сестра,
- ја организира исхраната на болните на одделот со консултација на лекарот, диететичарот и главната сестра,
- се грижи и ја контролира хигиената на одделот и спречување на интра хоспиталните инфекции и правилно класифицирање на медицинскиот отпад и за истото одговара пред главната медицинска сестра,
- врши контрола на состојбата на пациентот, исправноста на апарот, и комплетност на материјалот и опремата за рабата,
- врши едукација на медицинските сестри на својот оддел и на помошниот персонал болничари и хигиеничари,
- асистира при работата со медицинската апаратура на одделот
Услуги и Дијагностика
Во рамки на одделот се спроведуваат специјализирани процедури за скрининг и третман на микро и макроваскуларни компликации. Тимот користи најсовремена фармаколошка терапија и воспоставува клинички протоколи за доследна имплементација на лекувањето.
Клучни сегменти на работата вклучуваат:
- Офтамолошка грижа: Скрининг на дијабетична ретинопатија, преглед на визус и фундус, мерење на очен притисок и следење на пациенти со заболувања на тироидната жлезда и хипофизата.
- Дијабетично стапало: Посебен фокус се става на превенција, дијагноза и третман на дијабетично стапало за спречување на улцерации и ампутации. Се применува програмата ПОДИС за грижа во предулцеративна фаза, проценка на периферна циркулација со Доплер, како и тестирање за невропатија.
- Гестациски дијабетес: Третман на дијабетес во тек на бременост преку мултидисциплинарни консултации.
Опременост и простории
Систем од специјалистички амбуланти, кабинет за офталмологија, биохемиска лабораторија.
Тим и Експертиза
Со одделот раководи Науч. сор. д-р Искра Битоска. Тимот е составен од врвни професионалци, вклучувајќи субспецијалисти ендокринолози, офталмолози, медицински сестри и едукатори. Одговорна медицинска сестра на одделот е Татјана Ѓорговски.
Нашата работа вклучува и активна едукација на медицинскиот персонал и пациентите, со цел подигнување на јавната свест за сериозноста на дијабетесот.