За клиниката

Информации
ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања
Водечка јавна здравствена и образовна институција во земјата. Посветени сме на врвна дијагностика, современ третман и континуирана научна дејност во областа на ендокринологијата

ЈЗУ Универзитетска клиника за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања - Скопје е јавна здравствена установа која се наоѓа на ул. Мајка Тереза бр. 17 - Комплекс Мајка Тереза - Скопје. Се наоѓа во јужниот дел од градот и непосредно граничи со централото градско подрачје се наоѓа на благо-брдовит терен и сместена во зградата на Интерни клиники.

 

Историја

ЈЗУ Универзитетска Клиника за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања – Скопје, како самостојна ЈЗУ e формирана на 04.09.2007 год. како посебно правно лице со Одлука  на Влада на Република Македонија за поделба на Јавната установа Универзитетски клинички центар - Скопје бр. 19-3888/1 од 26.06.2007од. (“Сл. весник на РМ” бр.102/07), a претходно својата дејност ја вршеше во склоп на катедрата по интерна медицина при ЈЗУ Клинчки центар Скопје.

Денес брои вкупно 56 вработени, доктори ендокринолози, интернисти, специјализанти по интерна медицина,сестри со висока школа и со средно медицинско образование, биолог, лаборанти, болничари, хигиеничари, администратори.

Освен стручните активности, Клинката е образовна институција со професори, доценти, асистенти како и научна дејност која е носител на многу клинички и меѓународни студии. 

 

Приоритетна дејност на клиниката

  • Стационарна здравствена заштита (без рехабилитација)

 

Други дејности

  • Вршење на специјалистичко-консултативна и болничка дејност од областа на ендокринологијата и дијабетологијата, во која се изведува образовна дејност,
  • Врши усовршување на здравствените работници и научно истражувачката дејност. 

 

Капацитети

ЈЗУ Универзитетска Клиника за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања располага со деловен и административен простор од  околу 1800м2, кој се состои од:

  • Стационар  
  • Амбуланта-дијабетолошка – Центар за Дијабет и Центар за Дебелина,
  • Амбуланта-ендокринолошка  и
  • Административен дел (АД).

 

 

Мисија

Една од примарните задачи ни е подобрување на клиничките стандарди со што ќе се унапреди превенцијата, лекувањето и грижата за нашите пациенти со ендокринолошки болести. Оваа цел ќе се реализира преку подобрување на условите на Клиниката и осовременување на опремата, како и обезбедување на едукација на вработените и поддршка на истражувањата.

Како важна алка во здравствениот систем, Клиниката за ендокринологија ќе промовира еднакви можности за сите пациенти, без разлика на полот, возраста и националноста.

Визија

Преку ефикасна и проширена организација ќе ја унапредиме гастроентеролошката заштита. За таа цел, ќе соработуваме со здравствените работници, со нашите пациенти и јавноста и тесно ќе соработуваме со институциите на системот и научниците и стручните здруженија во и вон Македонија.

 

Квалитет

Политиката за квалитет претставува основа за воспоставување цели за квалитет и ја усмерува Јавната здравствена установа во напорите за постојано подобрување.

 

Стручност

Вршиме здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од специјалноста по гастроентерохепатологија, изградува и спроведува стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажува стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветна гранка на медицината. Нашата клиника располага со најсовремени технолошки уреди и исто така има соодветни сметувачки капацитети за нашите пациенти.